Македонскиот второлигаш Борец го доби пријателскиот натпревар против Саса во Пехчево со 2-0. Ова е само потврдува дека велешкиот тим има прволигашки амбиции за претстојната сезона, откако изминатава потклекна на последното скалило за влез во елитата, во баражот против Победа.
Ефтимов го доведе Борец во водство во првиот дел, додека Мирчевски го постави конечниот епилог на овој пријателски меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА