Борец подобар од Вардар во пријателски натпревар

Дел од македонските фудбалски клубови ја искористуваат репрезентативната пауза како би ја темпирале формата за продолжението на обврските во домашните шампионати. Прволигашот Борец во пријателски меч денеска со 2-0 славеше над најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.

По еден гол во првото и второто полувреме беа доволни за победа на велешкиот клуб.

Борец по девет одиграни кола во ПМФЛ се наоѓа на 9. позиција, додека Вардар е петти во ВМФЛ Запад.

 

 

 

Се вчитува...