Борец поразен од Генч Калемлер на првиот тест

Лидерот во Втората лига – Исток, екипата на Борец загуби во Велес од Генч Калемлер со 1-2 во првиот пријателски натпревар за време на зимските подготовки.

Гостиварскиот тим на дуелот поведе со погодокот на Ибрахими Јусуфи. Домашните израмнија со голот на Роберт Коцев, а триумфот на Генч Калемлер го донесе Емир Алиу.

Следниот тест за Генч Калемлер е против штипска Брегалница во Охрид.

Се вчитува...