Борец поразен од српски Металац на тестот во Охрид

Лидерот во Втората лига – Исток, екипата на Борец загуби од српскиот прволигаш Металац со 0-1 на пријателскиот натпревар кој денеска се одигра во Охрид.

Србите до победата стигнале со погодокот на Илиќ уште во 3. минута од средбата. По погодокот на противникот, македонските фудбалер одиграле квалитетен натпревар но сепак до крајот не успеале да стигнат до израмнување.

Борец на тестот против Металац настапи во следниот состав: Георгиевски, Мирчев, Ивановски, Илоски, Стојковски, Николовски, Петров, Коцев, Марко Ѓоргиевски, Јаневски и Ефтимов. Уште играа: Манасиев, Ѓоргиев и Чичевски.

Се вчитува...