Борец се засили и со Лука Трајковски, се преговара и со двајца странци

Велешки Борец денеска и официјално ги промовираше првите две засилувања за пролетниот дел од сезоната, Колумбиецот Александер Борха кој доаѓа од Пелистер, како и фудбалерот од средниот ред Лука Трајковски.

20-годишниот Трајковски, кој потекнува од школата на прилепска Победа, минатава сезона настапуваше за Тиквеш, а претходно има настапувано и за Македонија ЃП.

Но, Борец планира дополнителни засилувања до крајот на преодниот рок. Се разговара за ангажман на двајца странски фудбалери, а ќе има освежување на редовите и со фудбалери од домашната прволигашка сцена.

Се вчитува...