Борецот Алкараз: Сите побараа од него да предаде, а тој…

Новак Ѓоковиќ стигна до ново финале на Ролан Гарос, откако во првиот полуфинален дуел слаевеше против Карлоз Алкараз со 3-1, по сетови 6-3, 5-7, 6-1 и 6-1.

Двајцата тенисери ги одиграа веројатно најдобрите први два сета на турнирот од кои по еден заврши и за двајцата, но на почетокот на третиот Алкараз веќе немаше сила.

Тој побара медицински тајм-аут поради кој изгуби и гем, а на барање на неговиот тренер Хуан Карлос Фереро да го предаде мечот, Алкараз порача.

„Знам Хуна, но се уште е рано за да предадам“, изјави Алкараз по што херојски го доигра мечот во кој повеќе немаше никакви шанси против Србинот. 

Се вчитува...