Борис Бекер годинава нема да биде дел од Вимблдон

Трикратниот шампион на Вимблдон, Борис Бекер,  изјави дека нема да се врати во улогата на стручен консултант на гранд-слем турнирот во Лондон летово.

Минатата година Германецот мина осум месеци во затвор во Англија бидејќи не можеше да плати долгови од 2,5 милиони фунти.

По излегувањето од затвор, Бекер бил депортиран од Велика Британија и моментално живее во родната Германија.

„Ми недостига Лондон, тој е мојот омилен град. Живеам таму долго време. Ќе ми недостига Вимблдон и оваа година. Морам да одморам пред да се вратам таму”, изјави Бекер.

Се вчитува...