Борис Бекер проговори за себе откако помина осум месеци во затвор. Тениската легенда беше во затвор во Англија поради затајување на данок.
Бекер не сакаше детално да зборува за деновите минати во ќелија, но кажа дека тоа биле тешки моменти за него.
„Не сакам да зборувам за тоа детално. Честопати се плашев и плаќав за моите грешки, но секогаш учев многу повеќе од поразите отколку од победите. Така беше и во тенисот, така е и во животот. Вклучувајќи го и затворот. Кога ќе постигнеме толку голем успех на таа возраст, претпоставувате дека сте неуштив, но не е така. Одењето во затвор за мене беше како повик за будење. Дефинитивно ме направи подобра личност отколку во минатото. Немав лична слобода, и тоа не би го посакал ниту на непријател. Тоа беа многу тешки моменти. Беше кошмар, но на крајот станува дел од процесот и сега сум смирен со мојотивот. Се што ми се случи е последица на мојот успех. Да не го освоев Вимблдон и да не станев број 1 во светот, немаше да имам толку проблеми“, изјави Бекер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА