Борјан Пановски потпиша професионален договор со Работнички

Уште еден млад и талентиран фудбалер потпиша професионален договор со Работнички, објави клубот на официјалниот сајт. Борјан Пановски е промовиран во сениорскиот тим откако стави потпис на тригодишна верност кон клубот.

Пановски игра на позицијата десен бек и е македонски репрезентативец. Во претстојната сезона ќе добие можност за докажување во сениорскиот состав на Александар Влахо.

Се вчитува...