Борјан Стојановски од МЗТ се пресели во Феникс (ФОТО)

Доскорешениот кошаркар на МЗТ Скопје 2, Борјан Стојановски е нов кошаркар на новлијата Феникс 2010. 20-годишниот бек последните две години ги помина во „сино-белиот“ дрес на клубот од Аеродром, а сега се очекува да биде големо засилување за таборот на Денис Дервишевиќ во дебитантската сезона во „елитата“.

Стојановски претходната сезона настапи на 21. натпревар за „штрковите“ во кои забележа просек од 3.5 поени и 1.2 скока за нешто помалку од 14 минути поминати на паркетот.

Младиот играч е трет Македонец кој го засили Феникс 2010 ова лето по Михајло Арсоски и Павле Михајловски. Клубот претходно ги официјализираше и договорите со странците Куртис Џоунс и Двејн Морган.

Се вчитува...