Борко блесна кога беше најважно (видео)

Борко Ристовски е херојот на Вардар на вечерашното полуфинале против Загреб, откако македонскиот репрезентативец блесна во клучните моменти од натпреварот.

Тој најпрвин со неколку интервенции помогна Вардар да се врати во мечот и да се избори за пенал-рулет, а потоа во него блесна на начин на кој многу често знаеше да фати клучни пенали и во дресот на македонскиот национален тим.

Два одбранети пенали од пет обиди кон неговиот гол беа сосема доволно за искусниот голман да го трасира патот на „вардарци“ кон големото финале.

Се вчитува...