Борко: Имаме тактика и дисциплина, одиме на победа и во Рејкјавик

Македонските ракометари го минаа поголемиот дел од вчерашниот ден патувајќи од Скопје до Исланд. Нашата експедиција синоќа пристигнa во Рејкјавик, каде вечерва со почеток во 21.45 часот ќе излезе на мегдан со незгодниот противник. Одличната игра и победата од пет гола разлика на првиот дуел внесуваат дополнителен оптимизам во нашите редови, со оглед на фактот дека евентуална победа би значела и речиси сигурен пласман на ЕП 2018, на две кола до крајот на овие квалификации.

Јас и пред овој двомеч истакнав дека не треба да бркаме гол-разлика, туку да настојуваме да одиме на победа на секој натпревар, да го градиме тој победнички менталитет како на домашен, така и на гостински терен. Она што искрено ме радува е одличната тактичка подготвеност со новиот селектор. Тој одлично го подготви натпреварот, ја постави играта и можам да кажам дека ова е нивото на кое се работи и во најголемите европски клубови. Имаме тактика и дисциплина, сигурен сум дека младите играчи многу ќе профитираат и ќе научат од ваквата поставеност на работите, сето тоа ќе ни помогне за да направиме чекор напред со националниот тим. Што се однесува до натпреварот, секако дека Исланѓаните ќе бидат помотивирани за да одиграат поквалитетно, но ние треба да се насочиме кон сопствената игра, да го прикажеме она што стручниот штаб го бара од нас“ – истакна голманот Борко Ристовски.

Се вчитува...