Борко не мисли како Кире, му го честиташе деби триумфот на Брестовац: Нов селектор, нова тактика, нова победа…

Капитенот Кире Лазаров истакна дека во триумфот над Исланд (33-34) ракометарите користеле многу ’работи’ што ги научиле од претходниот селектор Раул Гонзалес, а Данило Брестовац им дозволил да играат. Но, така не мисли Борко Ристовски. Тој направи селфи со новиот селектор Брестовац, му честиташе за дебитанската победа и порача:

„Честито огнено крштевање, селекторе! Да ти се множат победите! Нов селектор, нова тактика, нова победа…“, истакна Борко Ристовски на социјалните мрежи.

И има право… Македонија овојпат не играше „7 на 6“…Можеби и Борко Ристовски е среќен, не треба да трча премногу…

Се вчитува...