Борко порачува: Останете здрави и купувајте македонски производи (ВИДЕО)

Борко Ристовски се врати од Бенфика во Вардар и требаше да биде големо засилување за „црвено-црните“ во клучниот дел од сезоната. Тој настапи на само еден меч за „црвено-црните“, а во ситуација кога ракометот ширум Европа е во прекин, Ристовски преку кратко видео за време на својот кардио-тренинг на Водно испрати порака.

„Завршувам со мојот утрински кардио-тренинг во самоизолација на Водно. Мораме сите да останеме здрави за да го победиме овој вирус, затоа мојата порака е останете здрави, вежбајте секаде каде што можете да вежбате, но во самоизолација и да не го заборавиме најважното – да помогнеме на македонската економија, купувајте македонски производи“, порача Ристовски.

 

Се вчитува...