Борко Ристовски од понеделник во Вардар

Голманот на макеоднската ракометна репрезентација Борко Ристовски заедно со Марко Мишевски од понеделник ќе бидат дел од Вардар потврди тренерот на „црвено-црните“, Стевче Алушовски. Тој ги потврди најавите на Екипа.мк и уште објасни дека овие две имиња ќе бидат едниствената помош што Вардар ќе ја добие до крајот од сезоната.

Вардар во март има два дуела со Нексе за палсман на Ф4 во СЕХА лигата и два деула од осминафиналето во Лигата на шампионите, сосема извесно против Пик Сегед, тимот кој лани го елиминираше во четвртфиналната фаза од елитнто натпреварување.

Ристовски се враќа назад во Вардар од редовите на Бенфика. Тој мина успешна авантура во Португалија, но се реши за камбек во тимот кој му помогна да ја трасира успешната кариера, во која го носеше и дресот на Барселона, Рајн-Некар Левен, Гумерсбах, Кретеј… Доаѓањето на репрезентативниот голман, надополнето со одличната форма на Кизиќ, ќе значи и дефинитивно „бришење“ на Гедбан, кој во меѓувреме го договори летниот трансфер во Адемар Леон.

Се вчитува...