Борко Ристовски: Младите сфатија што е притисок, до ЕП ќе го имаме вистинскиот состав

Неделата на ЕХФ и четирите одиграни натпревари донесоа многу за иднината на македонскиот ракомет, смета голманот Борко Ристовски во оценката за седумте денa во кои на собир беа дел од стандардните репрезентативци, но во најголем дел во контрoлните натпревари шанса добија помладите репрезентативци како и играчите кои немаат големo искуство во националниот тим. Според Ристовски ова било важно искуство за овие ракометари кои треба да се изборат за позициите во репрезентацијата.

„Целиот талент го имавме на едно место, одиграа заедно контролни натпревари кај што беа носители на играта. Добија искуство и рутина да можат да се научат на притисокот што го носи бранењето на репрезентативниот дрес. Најлошиот натпревар против условно најслабиот противник е подобар од најдобриот тренинг. Грузија можеби не е топ противник, но покажа многу борбеност, дадоа максимум. Нивната селекција е доста лимитирана, но кога противникот дава максимум, ве влече и вие да дадете максимум. Тоа е плус кога играте против ривал кој не го знаете доволно, а во спортот никој не се откажува пред време и игра за да победи. Тие го дадоа максимумот играа грубо, а нашите млади ракометари видоа како е да се игра против груб противник, како да се носите во еден нервозен натпревар и притисокот што го носат таквите натпревари.“

Ваквиот концепт кој го реализираше ракометната репрезентација во неделата на ЕХФ е во на насока правење селекција меѓу играчите кои конкурираат за националниот тим каде што треба да им се придружат на искусните и стандардни репрезентативци.

„Групата на Европското првенство можеби не е атрактивна, но сите репрезентации се многу силни. Австрија е домаќин, Украина е непознаница бидејќи досега не сме се сретнале со нив, а знаете сите каква историја имаме со Чешка. Имаме шанси, не сме во инфериорна ситуација со ниту еден противник во групата и тоа е еден плус ние да се справиме со притисокот како репрезентација, бидејќи јавноста очекува големи резултати. Очекува три победи бидејќи тоа не се репрезентации од самиот врв, но меѓутоа на едно големо натпреварување не е се така едноставно и не е се така лесно како што на јавноста и изгледа. Мораме да се подготвиме и физички и психички, но и тактички и технички и што е можно подобро да го дочекаме Европското првенство“.

Ристовски предупредува на факот дека меѓу противниците во групниот сегмент од Европското првеnство во јануари, нема најголеми ракометни сили, но има противници за коои секако треба да се биде максимално психолошки и физички подготвен.

„Очекувам голема поддршка од македонската публика во Виена. Да дојдат да не бодрат и заедно да се обидеме да го повториме успехот од Србија. Сепак, да не одиме толку рано со прогнози, туку чекор по чекор. Мислам дека имаме доста квалитет и искуство за да не подлегнеме на еуфоријата која гледам дека се случува во јавноста. Изгледа како да сме на една победа од полуфинале, меѓутоа не е се така лесно, треба многу работа, многу вложување и откажување овој период што доаѓа и да го дочекаме Европското првенство на најдобар можен начин“.

 

 

 

Се вчитува...