Борко Ристовски: Мора да ги сведеме грешките на минимум, нема лесен противник на СП

Чуварот на мрежата на Македонија, Борко Ристовски потенцираше по триумфот над Србија дека оставен е простор за дополнителен напредок во играта на националниот тим во пресрет на Светското првенство во Германија и во Данска.

Како што вели Ристовски, некои појавени грешки во играта на мечот со Србите не смеат да бидат практика на Мундијалот ако сакаме позитивни резултати…

„Како за прв одигран натпревар за време на овој собир мислам дека беше добро, но мора да признаеме дека имаше и доста грешки кои не смеат да бидат практика на Светското првенство. Секако има простор за подобрување на играта и тоа ќе се обидеме да го реализирам до оној прв меч против Јапонија во Минхен. Но, имаме и доста млади ракометари на кои им е неопходно искуство“ – истакна Ристовски по дуелот со Србија, притоа дополнувајќи:

„На Светското првенство нема наивен противник. Не треба да се лажеме дека ќе биде лесно и со Јапонија и со Бахреин. Напротив, мора максимално сериозно да пристапиме на дуелите. Првите натпревари на едно големо натпреварување се секогаш тешки и неизвесни. Затоа мора да одиграме најдобро што можеме“.

Се вчитува...