Борко Ристовски поради повреда го пропушта мечот со Пик Сегед

Голманот на Вардар, Борко Ристовски поради повреда на коленото најверојатно ќе го пропушти натпреварот на гостински терен против Пик Сегед во Лигата на шампионите, потврди тренерот на „црвено-црните“, Стевчо Алушовски.

„Борко Ристовски има повреда на коленото поради која 90 отсто нема да може да настапи во Сегедин. Без секој се мора и може, па така и без Борко“, изјави тренерот на Вардар, Стевчо Алушовски. 

Натпреварот во Сегедин е закажан за во четврток во 18:45 часот.

Се вчитува...