Борко Ристовски со Барселона го освои Суперкупот на Шпанија

Репрезентативниот голман Борко Ристовски продолжува со освојување на трофеи со каталонскиот гигант Барселона. Една седмица откако го освои Супер Глоуб, тимот на Барселона стана победник и на Суперкупот на Шпанија. Каталонците беа подобри од Натурхаус Ла Риоха, совладувајќи ја со 31-25.

Барселона по првото полувреме обезбеди предност од шест гола (17-11), а во вториот дел рутински ја одработи задачата за освојување на нов пехар. Најдобар стрелец во редовите на Барселона беше Нгесан со седум постигнати гола.

Се вчитува...