Борко Ристовски: Вардар се уште е најквалитетна екипа во Македонија

Вардар со гол од пенал во последната минута се спаси од пораз на големото дерби со Еурофарм Пелистер, реми кое многу повеќе им одговара на „црвено-црните“, кои се враќаат во пол-позиција во трката за титулата.

Голманот Борко Ристовски имаше квалитетен меч на голот на „црвените“, кои водеа повеќе од 50 минути, но на крајот се доведоа во ситуација да спасуваат бод. Искусниот чувар на мрежата е задоволен од прикажаната игра, воедно истакнувајќи го и квалитетот што на тимот му го донел младиот стратег Владо Недановски.

Одличен натпревар во кој доминиравме од самиот почеток, со исклучок на некои шест-седум минути до самиот крај. Тренерот одлично ја постави тактиката и можам да кажам дека сум пријатно изненаден од спремноста и од храброста на ова младо момче. Сепак, мислам дека на крајот на вакви натпревари е пресуден квалитетот, а Вардар се уште е најквалитетна екипа во Македонија. Честитки за целиот тим и одиме напред… нема застанување“, изјави Борко Ристовски за ЕКИПА.

Се вчитува...