Борко Ристовски заслужено во тимот на колото во Лигата на шампионите

Голманот на Вардар 1961, Борко Ристовски заслужено доби место во идеалниот тим во изминатото коло во ракометната Лига на шампиони. Ристовски беше најдобар поединец кај „црвено-црните“ во ремито на домашен терен против Порто (25-25). Покрај одличната партија на голот каде забележа 18 одбрани, Ристовски мечот го заврши и со четири постигнати гола.

Покрај репрезентативниот голман на Македонија во идеалниот тим се и левото крило на Целје Тилен Кодрин, Сагосен и Екберг од Кил, Карачиќ и Дујшебаев од Киелце, како и пикерот на Порто, Виктор Итуриза.

 

Се вчитува...