Борко Ристовски: Знаевме дека ќе биде потешко во Скопје

Исланд успеа да извлече бод во Скопје (24-24), но и ремито за Македонија е прифатлив епилог, со оглед дека ракометната репрезентација сигурно чекори кон ЕП 2020. Искусниот голман Борко Ристовски потенцира дека Исланд е сепак селекција која заслужува огромен респект.

„Знаевме дека во Скопје не очекува многу потежок меч од Рејкјавик. Исланд е одлична репрезентација, имаа контрола на резултатот во поголем тек од натпреварот, а кај нас сепак останува горчина дека сепак имавме водство во финишот и можевме да победиме. Но, најважно е што имаме подобар биланс од Исланѓаните. Остануваат мечеви со Турција и со Грција, мислам дека тоа не се селекции кои можат да ни направат проблем“, изјави Борко Ристовски по ремито со Исланд во СЦ „Борис Трајковски“.

Се вчитува...