Борнмут има нов тренер. Андони Ираола заминува на крајот од сезоната откако му истекува договорот и истиот на негово барање нема да биде продолжен, а него ќе го наследи Марко Розе.
Розе во минатото ги водеше Салцбург, Борусија Менхенгладбах, Борусија Дортмунд и Лајпциг, а е без работа една година откако во март 2025 година доби отказ од Лајпциг.
Двете страни веќе постигнаа договор, и 49-годишниот Германец ќе го презеде клубот на почетокот на идната сезона. озе има освоено две титули и Куп на Австрија, Куп и Супер-Куп на Германија, и има триумф во младинската лига на шампиони со Салцбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
