Борнмут постигна принципиелен договор со Васко де Гама за трансфер на бразилскиот крилен играч Рајан, при што „црешите“ платија 35 милиони евра (30,06 милиони фунти). Според „Скај Спортс“, преговорите во последните 24 часа беа многу интензивни и Борнмут направија голем пробив. Самиот играч исто така беше многу заинтересиран да го реализира трансферот, што помогна да се обезбеди договорот.
19-годишникот, бразилски младински репрезентативец и мета на Карло Анчелоти, се смета за долгорочна замена за Антоан Семењо, кој беше продаден на Манчестер Сити за 64 милиони фунти претходно овој месец, а Борнмут верува дека сега може да даде значаен придонес во тимот.
Рајан ќе пристигне во Велика Британија до крајот на неделата за да ги помине медицинските прегледи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

