Боро Даскаловски заминува од МЗТ2: Благодарност до МЗТ, но се разидуваме во амбициите и плановите за иднината

Вториот тим на МЗТ Скопје во иднина ќе биде предводен од друг стратег откако тренерот Боро Даскаловски кој оваа сезона направи огромен успех, предводејќи го најмладиот клуб во првенството не ја продолжи соработката со „сино-белите“.

Даскаловски го превзема МЗТ Скопје 2 на почетокот на претходната сезона и ја предводеше иднината на македонската кошарка до задржување на прволигашкиот статус, притоа забележувајќи шест победи меѓу кои и триумфи над Гостивар, Академија ФМП и Кожув.

„Благодарност до управата за укажаната доверба, им посакувам многу среќа во иднина. Покрај големиот успех кој го постигнавме, сепак се разидуваме во амбициите и погледите за иднината. Голема благодарност до целокупниот стручен штаб за соработката. Верувам во момците и сум убеден дека ако останат на патот кој го трасиравме дека можат да постигнат многу во своите кариери“, изјави за ЕКИПА, Боро Даскаловски.

Се вчитува...