Борозан: Кој и да ни падне во финале, одиме по пехарот

ЕКИПА во Брест,

Томас Ѓоргиевски

„Вардарци“ ссите дилеми околу победата ги разрешија уште во првото полувреме, во кое феноменален беше Вуко Борозан со шест гола од исто толку обиди, два од нив во периодот кога македонскиот тим имаше двајца играчи помалку на теренот. Црногорскиот бек не го криеше задоволствоото не само од своето, туку и од целокупното издание на „вардарци“ кое им влева голем оптимизам во пресрет на неделното финале.

Одигравме многу добар натпревар, Би сакал да им честитам на моите соиграчи на одличниот настап, а на противниците на фер и коректната игра. Со она што го прикажавме апсолутно го заслуживме пласманот во финалето. Сега го очекуваме наредниот ривал и немаме некоја посебна желба, без разлика дали против Веспрем или против Мешков Брест, ние во секој случај ќе одиме на победа и освојување на трофејот“ – изјави Борозан по натпреварот.

Се вчитува...