Борусија без двајца клучни играчи на Суперкупот против Баерн

Борусија Дортмунд ќе биде сериозно ослабена на утрешниот меч од Суперкупот на Германија против Баерн Минхен, откако беше обелоденето дека Џејдон Санчо и Роман Бурки нема да можат да настапат на оваа пресметка против вечниот ривал.

Англискиот репрезентативец и швајцарскиот голман се пожалиле на болка во респираторните органи, веднаш биле тестирани на Covid-19, а резултатите биле негативни. Сепак, раководството на Борусија не сака да ризикува со фудбалери кои би можеле во следните денови да бидат позитивни, па двајцата останаа дома во Дортмунд и сигурно нема да настапат против баварскиот гигант.

За потсетување, со проблеми во пресрет на овој меч се соочува и Баерн Минхен, откако Лирој Сане отпадна од комбинација за настап поради повреда.

Се вчитува...