Борусија без најдобриот играч во мечот за титула?

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ денеска на прес-конференција пред натпреварот со Мајнц кажа дека играчот од средниот ред Џуд Белингем и натаму е неизвесен за настап во дуелот кој ќе биде за титула на „милионерите“. На Борусија Дортмунд и е потребна победа за да ја осигура „салатарата“.

Белингем не играше ниту на натпреварот со Аугзбург пред четири дена, кој Борусија го доби и така се врати на врвот на табелата во Бундеслигата и сега има големи шанси да дојде до титулата по пауза од 11 години.

Белингем е повреден, и веројатно веќе го одиграл своето во Борусија, затоа што престојното лето го чека трансфер во Реал Мадрид, откако речиси е сигурно дека „кралевите“ го обезбедија неговиот потпис.

„Џуд успеа да го засили тренажниот процес овие денови, што е добар знак. Дефинитивно сакаме да биде вклучен во тимот во сабота, но и натаму е неизвесен“, рече Терзиќ.

Се вчитува...