Борусија Дортмунд без првиот голман и двајца клучни играчи против Хаденхајм

Борусија Дортмунд има проблем со првиот голман Грегор Кобел, кој не бранеше на натпреварот со Бохум. За среќа на тимот, „милионерите“ победија, и не се почуствува отсуството на швајцарскиот голман.

Кобел има проблеми со увото, добил инфекција, па од тука нема да брани ниту идниот викенд кога Борусија Дортмунд гостува кај Хеденхајм, кој во првиот натпревар оваа сезона успеа да извлече бод играјќи 2-2.

Освен Кобел, од тимот на Борусија Дортмунд ќе отсуствуваат и Јулијан Бранд и Марко Ројс, кои исто така не играа против Бохум. Двајцата имаат настинка. Покрај нив ќе го нема и Себастијан Халер кој е на Африканскиот куп на Нации, а исто така и Феликс Нмеча кој е повреден.

Борусија Дортмунд е во серија од три победи во пролетниот дел од сезоната, и поради тоа се искачи на четвртото место на табелата. Сепак, многу заостанува од првото место, и тешко дека оваа сезона ќе влезе во битката за титулата.

Се вчитува...