Борусија Дортмунд донесе хрватски дефанзивец

Борусија Дортмунд го ангажираше Марин Понграчиќ во обид да ги реши дефанзивните проблеми со кои „милионерите“ се соочуваат на стартот од оваа сезона. Матс Хумелс е повреден, а Емре Џан не се снајде најдобро во тактичките замисли на тренерот Росе, што беше причина тимот од Дортмунд да тргне во офанзива по Понграчиќ.

Хрватот беше идеален кандидат бидејќи беше достапен на позајмица од Волфсбург, двата клуба набрзина се договорија за деталите, по што 23-годишниот фудбалер ги мина лекарските прегледи и потпиша договор со Борусија.

„Марин е млад, исклучително брз фудбалер кој ќе ја комплетира нашата одбрана“, изјави спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк.

Тренерот Росе е добро запознаен со квалитетите на Понграчиќ бидејќи овој дефанзивец настапуваше под негово водство додека седеше на клупата на Салцбург.

Се вчитува...