Борусија Дортмунд е голем клуб: Потег пред финалето од ЛШ кој кажува се за „милионерите“

Борусија Дортмунд по повеќе од една деценија повторно ќе игра финале од Лигата на Шампионите, а раководството на „милионерите“ со извонреден потег јасно покажа дека Борусија е „повеќе од клуб“.

Имено, управата на Борусија оваа седмица ги извести сите вработени во клубот, вкупно 519 на број, дека ќе бидат специјални гости на „Вембли“ за финалто против Реал Мадрид. Клубот ќе ги покрие сите трошоци за превоз и сместување во Лондон, давајќи им и билети за финалето, во знак на благодарност за придонесот што вработените го даваат за секојдневното функционирање на оваа екипа.

Од чистачките до менаџерите, сите ќе имаат свое место на „Вембли“, каде ќе ги бодрат избраниците на тренерот Терзиќ во обидот да го изненадат фаворитот Реал Мадрид.

Покрај вработените во клубот, ќе биде организиран и пат и престој за сите членови на младинските екипи на Борусија Дортмунд. Младите фудбалери од селекцијата до 12 години, се до оние од М19 тимот, исто така ќе допатуваат во Лондон за да бидат дел од овој фантастичен спектакл.

Секоја чест на раководството на Борусија за ваквата идеја и нејзината реализација.

Се вчитува...