Борусија Дортмунд во еден ден отпушти 11 фудбалери

Борусија Дортмунд во еден ден им врачи отказ на дури 11 свои фудбалери, членови на вториот тим на бундеслигашот.

Пандемијата на коронавирусот создаде огромни финансиски клубови за Борусија која мораше да се одлучи на потег кој не се гледа често. Но, во прашање е само краткотрајно намалување на трошоците.

Наводно, како што пренесуваат германските медиуми, се работи за фудбалери кои немаат потенцијал да се наметнат во борбата за настап во првиот тим во иднина. Веднаш штом се нормализира состојбата со коронавирусот, Борусија планира дополнување на играчкиот кадар со подобри фудбалски имиња.

Откази добија Хјуп, Рекерт, Хаврилук, Рупрехт, Вонер, Бојамба, Ет, Тунга, Бејман, Ајдинел и Рицо. Дел од нив во минатото се вклучувале и на тренинзите со првиот тим.

Се вчитува...