Борусија Дортмунд ги врати Сахин и Бендер

Фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд во стручниот штаб вклучи двајца свои поранешни играчи Нури Сахин и Свен Бендер.

Сахин и Бендер ќе му помагаат на тренерот Един Терзиќ од 1. јануари, а двајцата потпишаа договори на година и пол, се наведува во денешното соопштение на „милионерите“.

ДосегаСахин  беше тренер на Анталијаспор во турската лига, а Бендер котренер во германската репрезентација, до 17 години.

Дортмунд минатата сезона беше втор во шампионатот и до последното коло се бореше за титулата со Баерн Минхен, а моментално на половина од сезоната е петти на табелата со 15 бодови зад лидерот Баер Леверкузен.

Се вчитува...