Борусија Дортмунд го договори наследникот на Санчо

Борусија Дортмунд излезе како победник од трката со Ливерпул по потписот на Дониел Мален, крилниот офанзивец на ПСВ Ајндховен кој кариерата ќе ја продолжи во дреот на „милионерите“.

Токму Мален беше „пикиран“ како прв избор во потрагата по наследник на Џејдон Санчо, но германскиот клуб долго време се мачеше да најде заеднички јазик со управата на холандскиот клуб. На крајот сепак беше постигнат договор, Борусија се согласи да ја плати сумата од 30 милиони евра на која ПСВ инсистираше од стартот на преговорите, по што и Мален доби зелено светло да ги договори личните услови.

Тоа беше полесен дел од задачата за „милионерите“, експресно беше договорена соработка до 2025 година, а Мален денеска пристигна на лекарски прегледи во Дортмунд, по што ќе следи и официјалниот потпис на договорот.

Се вчитува...