Борусија Дортмунд го купува Белингем

Борусија Дортмунд во своите редови ќе има повторно Белингем. Станува збор за неговиот брат Џоб, кој е пред портите на тимот во кој беше неговиот брат. Токму Џуд Белингем, кој сега е дел од Реал Мадрид, е инциијатор на овој трансфер.

Џоб исто како и неговиот брат игра во средниот ред. Џоб Белингем во моментов е дел од Сандерленд, а во минатото беше во Бирмингем Сити, како и неговиот брат од каде дојде во Борусија Дортмунд, па направи трансфер во Мадрид.

Џоб е репрезентативец на Англија до 19 години, а настапуваше и за помладите селекции. Има 18 години, висок е 191 сантиметар, и се смета како еден од големите таленти на англискиот фудбал. За него има интерес и од неколку премиерлигаши.

Се вчитува...