Борусија Дортмунд го освои Купот на Германија

Борусија Дортмунд е освојувач на Купот на Германија, откако во финалето го совлада Ајнтрахт Франкфурт со 2-1. Во возбудлив финален дуел на Олимпискиот стадион во Берлин, „милионерите“ успеаја да освојат трофеј оваа сезона, откако лесно ја загубија трката за титулата со Баерн Минхен.

Осман Дембеле го доведе тимот на Борусија Дортмунд во водство во осмата минута, но Анте Ребиќ донесе израмнување во 20.минута. „Милионерите“ славеа со погодокот од пенал на Пјер – Емерик Обамејанг постигнат во 67.минута од средбата. Ајнтрахт Франкфурт не успеа и вторпат да стигне до израмнување, па избраниците на Томас Тухел му се радуваат на пехарот.

All Goals & highlights – Eintracht Frankfurt 1… by goalsarena2017

Се вчитува...