Борусија Дортмунд го отпушти Томас Тухел

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд одлучи да се раздели со својот досегашен тренер Томас Тухел. Иако „милионерите“ го освоија Купот на Германија, и успеаја да се пласираат во Лигата на шампионите за следната сезона, сепак, многу рано испаднаа од трката за титулата.

На Тухел, како што информираат медиумите во Германија, денеска и официјално му е соопштено дека клубот нема да ја продолжи соработката и му се заблагодарува за досегашната работа.

За најсериозен кандидат да седне на клупата на Борусија Дортмунд се најавува Лусиен Фавр, досегашниот тренер на францускиот прволигаш Ница.

Се вчитува...