Борусија Дортмунд го победи Баерн сред Минхен и го откажа од титулата (ВИДЕО)

После долго чекање, после 10 години, Борусија Дортмунд слави победа над Баерн во Минхен, во вистински момент за Баер Леверкузен, кој ја слави оваа победа, со оглед дека сега се стекна со предност од 13 бодови на чело на табелата на седум кола до крајот, што е речиси сигурно дека „фармацевтите“ ќе бидат нови прваци на Германија.

Никој, речиси ретко кој очекуваше дека Борусија ќе слави во Минхен, особено ако се има во предвид дека Баерн влезе во одлична низа на резултати и убедливи победи во последно време.

Адејеми во 10. минута од средбата на додавање на Бранд, успеа да го совлада Улрајх, и да му донесе предност на гостински тим. Баерн Минхен притискаше, напаѓаше, имаше шанси во првиот дел преку Кејн, но одличен беше Хумелс кој успеа да ги спречи сите напади. Во 83. минута Рајерсон по еден противнапад донесе водство и од 0-2.

Кејн во следниот напад успеа да постигне гол, но истиот беше поништен поради офсајд по ВАР проверката.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...