Борусија Дортмунд го посакува Марио Манџукиќ

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд во завршницата од сезоната ја загуби трката за шампионската титула во Бундес-лигата и тргнува во реновирање на составот за да се обиде повторно во следниот шампионат да стигне до трофејот. Доведени се веќе нови имиња, а претседателот Ханс – Јоаким Вацке и спортскиот директор Михаел Цорк тргнуваат во мисија за ангажман на хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ.

Јувентус му понуди нов договор на Хрватот, но германскиот клуб се обидува да го доведе веќе подолг период. Минатото лето Манџукиќ одлучи да остане во Торино, а сега Борусија Дортмунд повторно е упорна во обидите за негов ангажман. Манџукиќ во минатото го носеше дресот на Баерн Минхен и ќе биде навистина интересно доколкуодлучи сега да биде дел од лутиот ривал, Борусија Дортмунд.

Се вчитува...