Борусија Дортмунд го преслуша Баер Леверкузен (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд го доби Баер Леверкузен со 4-0 во натпревар од 4. коло во германската Бундес-лига. Милионерите во текот на целиот натпревар беа подобар противник. Поведоа со голот на Пако Алкасер во 28. минута, резултат со кој се замина на полувреме. Одличната игра во второто полувреме домаќините ја материјализираа со голот на Марко Ројс во 51. минута. На 3-0, зголеми Гереро во 83. минута, а конечните 4-0 ги постави Ројс со својот втор гол во 90. минута.

Борусија Менхенгладбах го победи Келн нагости со минимални 0-1. Еден од најталентираните македонси фудбалери, Дарко Чурлинов не беше дел од тимот на Келн на натпреварот.

Резултати Германија 4. коло:

Борусија Дортмунд – Баер Л. 4-0, Келн – Б. Менхенгладбах 0-1, Аузбург – А. Франкфурт 2-1, Мајнц – Херта 2-1 и У. Берлин – Вердер Б. 1-2.

Се вчитува...