Борусија Дортмунд го претстави турското засилување во средниот ред

Турскиот фудбалер Салих Озџан, е новиот фудбалер на Борусија Дортмунд. Доаѓа од екипата на Келн, и потпиша со „милионерите“ до 2026 година. Се шпекулира дека тимот од Дортмунд за неговите услуги платил само 7 милиони евра.

Озџан е роден во Германија, и настапуваше за помладите селекции на оваа земја, се до сениорите кога се одучи да игра за Турција и има еден настап за оваа земја. Потекнува од фудбалската школа на Келн, а една сезона мина како позајмен во Кил.

Озџан е четвртото засилување за Борусија Дортмунд за идната сезона. Претходно потпишаа Никлас Зиле, Нико Шлотербек и Карим Адејеми. Исто така се очекува во текот на следните денови „милионерите“ да го провомовираат Един Терзиќ за нов тренер, по отказот на Марко Розе.

Се вчитува...