Борусија Дортмунд го суспендираше Дембеле

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд го суспендираше францускиот интернационалец Осман Дембеле. Тој не се појави на закажаниот тренинг на „милионерите“, побегна од Дортмунд и замина за Барселона, каде очекува трансфер во редовите на каталонскиот гигант.

Спортскиот директор Михаел Цорк истакна дека Борусија Дортмунд го санкционира непрофесионалното однесување на фудбалерот.

„Осман Дембеле не се појави на тренинг со останатите фудбалери во тимот. Поради тоа, клубот одлучи да го санкционира неговиот престап и тој е суспендиран“, изјави спортскиот директор, Михаел Цорк.

Се вчитува...