Борусија Дортмунд го „врза“ младиот Англичанец со нов договор

Борусија Дортмунд го продолжи договорот со англискиот интернационалец Џејми Бајно-Гитенс со 2025 година. Гитенс пред неколку дена наполни 18 години, и важи за еден од најдобрите млади англиски играчи во моментов.

Бајно-Гитенс минатата сезона на 17 години дебитираше за сениорскиот тим во Борусија Дортмунд во победата над Волфсбург од 6-1. Тој беше еден од заслужните за титулата на младинскиот тим на Борусија Дортмунд. Станува бор за англиски младински репрезентативец до 19 години.

Бајно-Гитенс дојде во Дортмунд од Манчестер Сити како млад и надежен фудбалер пред три сезони.

„Секогаш ми беше цел да заиграм во сениорски тим на некоја голема екипа како што е Борусија Дортмунд. Добро започнав, но коронавирусот и неколкуте повреди ме спречија порано да го остварам тоа. Но, сега едвај чекам да продолжам понатаму, да се надоградувам и се надевам дека ќе му помогнам на тимот да реди успеси во иднина“, рече Бајно-Гитенс.

Се вчитува...