Борусија Дортмунд и Лидс во јануари тргнуваат по Елмас!

После одличните партии во есенскиот дел од сезоната во Серија „А“, почнуваат да се редат заинтересирани страни за потписот на Елиф Елмас. Така турските медиуми пишуваат дека екипата на Борусија Дортмунд повторно е заинтересирана за играчот од средниот ред, а во таа трка ќе се вклучи и Лидс, иако англискиот Премирлигаш тешко може да дојде до услугите на играчот на Наполи.

Уште кога беше играч на Наполи, Борусија Дортмунд беше заинтересирана за Елмас, а тогаш имаше и многу заинтересирани страни, меѓутоа тогаш „дијамантот“ се одлучи за Наполи, кој беше најконкретен во понудата и успеа да го потпише за 16 милиони. Сега неговата цена е барем три пати поголема.

Се шпекулира дека овие два тима ќе понудат првично 35 милиони евра за услугите на Македонецот, кој во неделата го реши дербито против Милан со гол уште во 6. минута, со кој Наполи триумфираше на „Сан Сиро“.

Се вчитува...