Борусија Дортмунд ќе ги исфрла невакцинираните навивачи од стадион

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд се одлучи за драстични мерки и тоа да им забрани присуство на стадионот „Сигнал идуна“ парк на невакцинираните. Кој во следната сезона ќе сака да ги следи натпреварите на „милионерите“ ќе мора да биде вакциниран против Ковид-19. Негативен тест на Covi-19 веќе нема да биде прифатлив за влез на стадионот.

„Вакцинацијата е единствен клуч за враќање во нормала“, стои во соопштението од клубот. 

Првиот натпревар Дортмунд на домашен терен го игра веќе во сабота на отворањето на сезоната во Бундеслигата, а за противник ќе го има Ајнтрахт Франкфурт.

На стадионот ќе можат да бидат присутни 25.000 фанови, од кои 1.000 билети се резервирани за малолетни лица, од кои нема да се бара потврда за вакцинација.

Се вчитува...