Борусија Дортмунд не го дава врвот во Бундес-лигата

Борусија Дортмунд се задржа на чело на бундеслигашката табела откако „милионерите“ попладнево славеа на гостувањето против Аугсбург со 1-2 за четврта победа во низа, шеста во досегашните седум кола од домашниот шампионат. Поразот од Реал во ЛШ не остави преголема трага врз играта на „милионерите“, кои делуваа сигурно и заслужено стигнаа до цел плен благодарение на два прекрасни погодоци. Јармоленко го отвори резултатот со прекрасен удар „со пета“ во противничкиот шеснаесетник, а откако домаќините израмнија вториот гол со прекрасен лоб го постигна Кагава.

Многу интересно беше во Франкфурт, каде Ајнтрахт по голема битка го совлада Штутгарт со 2-1. Халер беше стрелец на единствениот гол во 94. минута, и тоа во ситуација кога домаќините триесетина минути играа со фудбалер помалку по црвениот картон на Фалете.

Подеднакво возбудливо беше и во Менхенхгладбах, каде домаќините со пеналот на Азар во 94. минута славеа над Хановер со 2-1.

Дивок Ориги постигна гол за Волфсбург, но и тоа не беше доволно за да се совлада Мајнц (1-1) откако гостите стигнаа до израмнување преку Муто во 74. минута.

Резултати Германија:

Аугсбург – Борусија Д. 1-2, Борусија М. – Хановер 2-1, Ајнтрахт – Штутгарт 2-1, Волфсбург – Мајнц 1-1.

Се вчитува...