Борусија Дортмунд нема намера да се откаже од борбата за Лигата на Шампионите откако „милионерите“ славеа на денешниот дуел со Унион Берлин со 2-0, враќајќи ја негативата во однос на четвртопласираниот Ајнтрахт на четири бода. Марко Ројс го постигна водечкиот гол за Борусија откако Халанд промаши пенал, а конечните 2-0 во финишот ги постави Гереиро.
Волфсбург остана на третото место, со еден бод повеќе од Ајнтрахт и „плус пет“ од Борусија откако фудбалерите на Волфсбург вечерва рутински славеа на гостувањето против Штутгарт со 1-3. Домаќините промашија пенал при 0-1, по што Волфсбург набрзина стигна до три гола предност пред Кастро да ги постави конечните 1-3. Дарко Чурлинов ги одигра последните 30 минути од оваа средба за Штутгарт.
Хофенхајм во драматичен натпревар се врати од негатива од 0-2 и славеше со 3-2 над Борусија Менхенгладбах, со головите што во второто полувреме ги постигнаа Крамариќ (два) и Бебу.
Резултати Германија:
Борусија Д. – Ун. Берлин 2-0, Хофенхајм – Борусија М. 3-2, Штутгарт – Волфсбург 1-3, Вердер – Мајнц 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА