Борусија Дортмунд немаше милост за Дуисбург во Купот

Борусија Дортмунд на убедлив начин се пласираше во следната рунда од Купот на Германија, победувајќи го нисколигашот Дуисбург со 0-5. „Милионерите“ немаа милост за домаќинот кој рано остана и со играч помалку.

Џејдон Санчо од пенал во 14.минута донесе водство, а младиот Џуд Белингам зголеми на 0-2 во 30.минута. Торган Азар во 39.минута беше стрелец на третиот гол за Борусија Дортмунд.

Во второто полувреме во листата на голгетери се запишаа и Џовани Реина и Марко Ројс, кој се враќа по повредата.

Се вчитува...