Борусија Дортмунд нуди 15 милиони евра за Елиф Елмас

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд подготвува понуда вредна 15 милиони евра за ангажман на македонскиот мегаталент Елиф Елмас. „Милионерите“ повторно влегуваат во трката за младиот играч за врска сакајќи да наддаваат со италијанските калчолигаши Јувентус, Интер, Милан и Наполи, англискиот Тотенхем и шпанските клубови Атлетико Мадрид и Севилја.

Тотенхем, според турските медиуми, досега има најбогата понуда до Фенербахче. Англискиот премиерлигаш понуди пакет вреден 20 милиони евра. Во него е вклучен и холандскиот интернационалец Винсен Јансен. Слична понуда достави и Атлетико Мадрид, 14 милиони евра плус хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ.

Се вчитува...