Борусија Дортмунд поради коронавирус ја откажа турнејата во Азија

Епидемијата од коронавирус на големо ги менува плановите на спортските колективи ширум светот. Нова на списокот е Борусија Дортмунд која поради грипот мораше да ја откаже турнејата во Азија која е закажана за летово.

„За жал ќе мораме да го откажеме планираното патување за Азија. Многу ни е жал бидејќи добро знаеме колку населението во Азија сака повторно да го посетиме. Имаме неколку понуди за турнеја во САД. Ќе ги разгледаме и само доколку тоа со себе не носи никаков ризик ние ќе отпатуваме“, изјави еден од челниците на клубот, Карстен Крамер. 

 

Се вчитува...